Академија Пандев денес го  одигра првиот контролен натпревар на подготовките во Анталија,  за противник го имаше тимот на Арберија од Косово.

Струмичани  средбата ја завршија со резултат 1-1, а стрелец на погодокот за Академија Пандев беше Марјан Радески.

По овој прв натпревар во Анталија, тимот на Александар Васовски следната пријателска ја игра за четири дена, на  28.јануари Академија Пандев ќе игра против тимот на Лвив од Украина.