Тренерот на Вардар, Александар Васовоски се огласи со порака на фејсбук повод одлуката на ФФМ, да не се доигра ПМФЛ и воедно да не се прогласи шампион на Македонија.

Васовски смета дека Вардар треба да биде крунисан во првак на Македонија, дека ФФМ ќе ја исправи грешката.

„Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, повеќе е од заслужена.Ми беше чест и задоволство да работам со вас, ужував во секој тренинг, секој натпревар ! Со просек од 22 години не прави најмлад тим кој освои титула, со огре=омен потенцијал на една генерација фудбалери кои се уште не го кажале последниот збор.Честитки до мојот стручен штаб, управа, нашата администрација, до нашиот сопственик Сергеј и секако до Комитите. Се надевам дека ФФМ ќе ја исправи грешката, сепак статистиката е само број“ – напиша Васовски.