Фудбалерите на Вардар предводени од Александар Васовски се во очекување на првото коло од новата сезона во ПМФЛ во кое ќе играат со Македонија ЃП.

Времето за подготовки заврши, Васовски е задоволен од сработеното иако признава дека временските неприлики и прекинот на двете контролни средби не оделе во нивна корист.

„Имавме многу млади играчи, на некои од нив ова им беа веќе втори или трети подготовки, и веќе се чувствува нивното искуство. Тие се наметнуваат како стандарни првотимци, и на нив можеме да сметаме и во идната сезона и во следните кои доаѓаат. Навистина овој тим има перспектива. Драго ми е што младите играчи покажаа дека сакаат да работат, да се наметнат и да бидат дел од сениорите.“ – изјави Васовски за клупскиот сајт на ФК Вардар.

Дуелот меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров ќе се игра на 11 август со почеток од 17:30 часот.