Вардар не бега од фаворитската улога против Академија Пандев, но никој во таборот на „црвено-црните“ не очекува лесен натпревар.

Тренерот на Вардар, Александар Васовски бара поддршка од „Комитите“ за победа со која ќе се зацврстат на првенствената табела.

„Мислам дека не очекува тежок натпревар, ние ќе играме на победа, Дарко Мицевски нема да настапи поради повреда и тоа е хендикеп за нас, со победа ќе се одлепиме на врвот, ги повикувам гледачите и „Комитите“ да не поддржат на овој натпревар“ – изјави Васовски за дриблинг.мк