До крајот на подготовките, ФК Вардар треба да одигра уште две контролни средби, секако ако временските услови го дозволат тоа. Ова е логична констатација откако црвено-црните два од досегашните три контролни средби не ги играа до крај поради силен дожд.

Ова го посочува и тренерот на вардарци, Александар Васовски како клуичен проблем во подготовките за новата сезона.

„Задоволен сум од подготовките во целина, само што ете, немаме среќа со натпреварите, односно истите не се играат како што треба до крај поради лошо време. Ни остануваат уште неколку дена од подготовките, имаме уште два натпревари на кои се надеваме дека се ќе биде во ред. Играчите тренират максимално коректно, без никаков проблем ги исполнуваат задачите, и се е во најдобар ред.“– изјави Васоски за клупскиот сајт..

Според планот, Вардар до крајот на подготовките ќе игра против Рогашка од Словенија и против Касимпаша од Турција.