Вардар и Шкендија попладнево од 15-30 часот на арената „Тодор Проески“ се среќаваат во нова голема пресметка во Купот на Македонија.

Осминафиналето носи дуел  на двата ривала во македонскиот фудбал, тренерот на Вардар, Александар Васовски изјави дека „црвено-црните“ ќе играат на победа и ништо друго.

„Влегуваме во дуелот крајно мотивирани, нашата цел е да одиме во четвртфиналето. За победникот ќе решаваат нијанси, сепак се играат два натпревари и ние ке играме мудро и паметно. Овој натпревар е сериозен испит за оваа млада екипа на Вардар“- изјави за дриблинг  Васовски.

Натпреварот ќе го суди Дејан Јакимовски од Скопје.