Вардар ја победи екипата на Акдемија Пандев со 1-0 на дербито од 8. коло во ПМФЛ, тренерот на „црвено-црните“, Александ Васовски е задволен од победата не и од коментарот на колегата Југослав Тренчовски.

Во дербито на 8 коло од Македонската прва фудбалска лига, Вардар со минимален резултат славеше против Академија Пандев и со ова ја запиша шестата победа во низа.

„Апсолутно заслужена победа, бевме истрошени од средбата со Шкендија во средата, искрено сум изненаден од изјавата на колегата Југослав Тренчовски, кого го ценам многу, тој изјави дека судењето било калкулантско, на Вардар му беше беше поништен чист гол и скратен еден пенал, за Акдемија Пандев се досудени многу пенали минатата сезона, дадовме гол кога беше потребно, противникот не притисна и се повлековме, влегуваме растоварено во продолжението од првенството“- изјави Васовски за дриблинг.мк.