Екипата на Академија Пандев со победа ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во ПМФЛ, Васовски го надмудри Горазд Михајлов со 2-1.

Радески уште во 47-та секунда од натпреварот го отвори резултатот. Во вториот дел Марио Крстовски зголеми на 2-0, а довчерашниот играч на екипата од Струмица,  Александар Мишов кој го засили Борец, од пенал намали на 2-1.

Александар Васовски кој дојде од Вардар со победа започна кај Академија Пандев која во продолжение ќе се подготвува во Турција, за понеделник се закажани и тестирањата за цела екипа пред заминувањето за Анталија во среда.