Светскиот боксерски совет (WBC) категорички е против учеството на професионалните боксери на ОИ 2020 во Токио.

Во известувањето на организацијата стои дека секој професионалец кој ќе настапи на квалификациски турнир или на било каков друг турнир што ќе овозможи квалификација за настап на ОИ, ќе биде дисквалификуван на две години и ќе биде избришан од сите рејтинзи.

За разлика од WBC, Светската боксерска асоцијација (WBA) и Светската боксерска организација (WBO) немаат ништо против учеството на професионалците на ОИ.

Неколку мексикански професионални боксери веќе изразиле желба за настап на ОИ во Токио.