Поранешниот репрезентативец на Англија и легенда на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни потврди дека нема да може да му помогне на својот тим за престојните предизвици и покрај тоа што добил негативен Ковид-19 тест.

„Само што добив вести дека не сум позитивен на тестирањето за Ковид-19. Пресреќен сим за мене и за моето семејство но сум лут и разочаран затоа што морам да заминам во самоизолација и да пропуштам важен натпревар за Дерби. “ – напиша Руни.


Дерби денеска ќе му гостува на Хадерсфилд во 6 коло од Чемпионшип дивизијат.