Според пресметките на финансискиот експерт Киран Магуаир, поради двегодишната забрана за учество во европските купови Манчестер Сити ќе претрпе загуби во висина од околу 300 милиони фунти или 362 милион евра, што ќе го доведе клубот во критична ситуација.

Манчестер Сити ќе ги загуби парите што би ги добил од УЕФА, а тоа се околу 100 милиони фунти за две години. Тука се и 30-40 милиони фунти од домашните натпревари. Посебни загуби „Граѓаните“ ќе имаат и поради бегството на дел од спонзорите.

Загубите од околу 150 милиони фунти (180 милиони евра) годишно можат да станат критични за иднината на клубот, тврди Магуаир за Sky Sports.

Дополнително на се тука е и паричната казна од 30 милиони евра досудена од УЕФА.