Ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеза сака да остане на „Артемио Франки“ и покрај големиот интерес од многу европски гиганти за неговиот потпис.

Репрезентивецот на Италија им дал до знаење на раководството на „виолетовите“ дека во летниот преоден рок нема намера да го напушти клубот во кој последните две години тој е убедливо најдобриот фудбалер.

Интерес за него пројавија екипи како Арсенал, Јувентус, Интер, Челзи и Манчестер Јунајтед, но сите останаа разочарани по неговата одлука.

Тој сезонава на 23.натпревари во Серија А постигна 6 погодоци и 5 асистенции. Киеза исто така има 17.настапи за националниот тим на „аѕурите“ и беше дел од Мундијалот во Русија пред две години.