Македонската фудбалска репрезентација денеска го одработи последниот тренинг во пресрет на натпреварот против Украина кој на распоредот е утре од 15:00 часот.

Репрезентативците се подготвуваат за најважниот дуел на ЕУРО 2020 од кој зависи пласманот во втората фаза а во пресред на дуелот Дарко Велковски истакнува дека мора да ги искористиме шансите и да ја победиме Украина.

„Мисалм дека нема да биде многу поразличен овој натпревар од претходниот. Селекцијата на Украина се докажа како доста добра репрезентација. Ќе мора да ги искористиме нашите шанси. Имавме неколку со Австрија, не ги искористивме и потоа го примивме тој гол поради мал пад на концентрација. Се надева дека нема де се случи на следниот натпревар и како што кажав, ако ги искористиме шансите и ако имаме концентрација цели 90 минути, се надевам дека ќе дојдеме до поволен резултат, дури и до победа“, рече Велковски.