За Пеп Гвардиола лондонскиот стадионон „Вембли“ има големо значење, бидејќи овде тој освои дири 8 трофеи, седум како тренер на Барселона и на Манчестер Сити и еден како фудбалер на Барселона.

„Го сакам овој стадион. Ми се допаѓа. Овде би доаѓал постојано“, вели Гвардиола.

И би требало да го сака, бидејќи овде ги освои Лигата на шампионите како тренер на Барселона, но и стариот Куп на европските шампиони, како фудбалер на каталонскиот гигант.

Исто така, како тренер на Манчестер Сити, тој овде освои три трофеи на англискиот Лига Куп, два трофеи од англискиот Суперкуп и еден трофеј од Купот на Англија.

Единствениот пораз го доживеа во полуфиналето на Купот на Англија во својата прва сезона како тренер на Сити. Тогаш загуби од Арсен Венгер и неговиот Арсенал.