Арсен Венгер бил контактиран од фудбалската федерација на Србија, сакаат да го ангажираат за селектор на националниот тим, јавуваат медиумите од оваа земја.

Сепак Венгер ја одбил понудата од претседателот на ФС на Србија Славиша Кокеза. Србија е во потрага по нов селектор, Кокеза нема да штеди средства да доведе звучно име на селекторската позиција, но засега не успеал да го убеди 71. годишниот Венгер да стане предводник на националниот фудбалски тим на Србија.