Додека Баерн Минхен размислуваше што да му понуди на Арсен Венгер за да го убеди да го води клубот до крајот на оваа натпреварувачка сезона, се појавила посериозна понуда за поранешниот тренер на Арсенал.

Венгер прифати да биде дел од ФИФА и таму да работи во секторот за развој на глобалниот фудбал.

„Среќен сум што ќе бидам дел од ФИФА. Пред мене е голем предизвик. Секогаш сакав да се занимавам со овој сегмент од фудбалот.“ – изјави Венгер.

Францускиот стратег ќе биде задолжен за развојот на фубдалот во машка и во женска конкуренција а ќе учествува и во креирањето на плановите за стратешки развој и надоградување на овој спорт во целина.