Французинот Арсен Венгер моментно ужива во животот надвор од фудбалските случувања откако го напушти Арсенал по 22 години водење од клупата.

Венгер во изминатиот период  беше поврзуван со враќањето на тренерската клупа, а најзагреан за неговиот потпис беше Њукасл кој ја прекина соработката со Рафа Бенитез. На крајот, тоа не се случи, но Венгер не отпишува дека може да презеде некоја репрезентација за Светското првенство во Катар 2022 година.

– Можам да се видам како работам за некоја репрезентација. Ќе помине доволно долго време од мојата последна работа и желбата за работа ќе биде се поголема. Не да имам ништо против доколку добијам некоја понуда. Репрезентацијата на Катар е примамлива опција. Ќе биде интересно да се види како ќе се развиваат. Морам да кажам дека отсекогаш сум сакал да одам на Светско првенство бидејќи сметам дека работата на тренерот е да биде таму каде што се најдобрите фудбалери – вели Венгер.