Арсен Венгер својата кариера и слава ја стекна во Северен Лондон во тимот на Арсенал во кој мина  цели 22 години. Тој во тие години „топџиите“ успеа да ги етаблира како еден од најголемите клубови во Англија, а најчесто беше во дуели со Манчестер Јунајтед.  Денеска и во двата клуба не „цветаат рози“, а тоа посебно е случај во Манчестер Јунајтед чиј менаџер Оле Гунар Солскјер е пред отказ.

Поради тоа Францускиот менаџер  ја мерка позицијата на Оле Гунар Солшер на „Олд Трафорд“ и вели дека тоа за него би била работа од соништата.

„Манчестер јунајтед е работа од соништата за секој фудбалски тренер. Имам самодоверба, имам храброст и во право сте имам неколку идеи за тимот. Според мене на Манчестер му требаат четворица добри првотимци и околу нив може да се гради добар состав“-изјави Венгер.