Фудбалерите на ПСЖ, Андер Ерера и Марко Верати го обвинија главниот судија Кујперс за недолично однесување и навреди по реваншот во Манчестер.

„Не беше лесно, но бевме толку блиску, разочарани сме. Не ни е сеедно кога судијата за време на мечот ќе ви каже да се еб*те, несакав тоа да го случнам. Тоа тој го повтори неколку пати. Ни рече да се еб*ме, јас да речев нешто такво ќе бев суспендиран 10 натпревари.“ – вели Верати.

Слична изјава даде и Ерера.

„Слушнав дека на Паредес му рече да се еб*, да направевме ние нешто слично ќе не казнеа.“– објасни Ерера.

ПСЖ загуби од Сити на „Етихад“ со 2:0 и со ова не успеа повторно да се пласира во финалето од ЛШ.