Италијанскиот репрезентативец, Марко Верати никако да влезе во натпреварувачки ритам.

Ова го потврдија од ПСЖ откако креативецот повторно се повреди и ќе мора да паузира најмалку еден месец, Ова значи дека не само што ќе ги пропушти престојнитенатпревари за Италија но и за ПСЖ со Лајпциг во ЛШ туку можно е да не заигра до крајот на групната фаза во натпреварување на УЕФА.


Верати е клучен играч во тимот на Покетино каде оваа сезона недостига плејмејкер кој ќе ги поврзе Нејмар, Мбапе и Меси со редот за врска во вистинска смисла на зборот.