Марко Верати верува дека неговиот ПСЖ има сили да направи пресврт во Англија и да го елиминира Манчестер Сити во вечерашниот меч.

Гостувањето во Англија ќе биде тешко, но играчот за врска верува дека парижани имаат изгледни шанси да дојдат до финалето.

„Ова е натпревар за кој секој фудбалер сонува да го игра. Мора да останеме мирни, да покажеме карактер и да докажеме дека сме тука заслужено. Мора да ги менаџираме емоциите, ќе одлучуваат мали нешта. Потребен е целосен пакет за освојување на Лигата на шампионите. Играме против едни од најдобрите играчи на светот. Понекогаш е потребна мала мајсторија од Нејмар или Мбапе да се смени текот на мечот. 

Гвардиола сака контрола на играта, но фокусот е на нас. Имаме одличен тим и тренер, шансите ќе дојдат. Не ни е потребно чудо, Сити има само мала предност пред нас“, изјави Верати. 

ПСЖ има негатива пред вечерашниот меч и иако пред една недела стартуваа одлично на крајот запишаа пораз од „граѓаните“ па останува да видиме дали вечер „парижаните“ се способни за пресврт и пласман во големото финале.