Италијанскиот интернационалец Марко Веррати се пошегува дека  тренира повеќе за време на периодот на изолација, и се ообидва да остане позитивен и покрај ситуацијата која владее во светот со Коронаворусот.

„Добро сум, сè е добро. Карантинот е тежок за секого, но се обидувам да останам позитивен, да уживам во семејството малку повеќе. Се обидувам да направам работи што порано не ги правев. Јас тренирам секој ден, дури мислам дека повеќе од порано“– изјави Италјанецот.

Верати со ПСЖ до прекинот на сезоната се наоѓаат на врвот во Лига 1 и обезбедија место во четврфиналето од Лигата на шампиони по елиминацијата над Борусија Дортмунд.