Фудбалерот од редот за врска на ПСЖ, Марко Верати се повредил на последниот тренинг на ПСЖ, а прегледите покажале дека станува збор за истегнување на лигамент во коленото.

Според последните информации кои ги пренесувааат медиумите од Италија, дополнителните снимки треба да покажат колку повредата е сериозна, но постојат големи шанси, Италијанецот да не заигра повторно оваа сезона. Под знак прашалник е и неговиот настап на престојното ЕУРО.

Верати е во ПСЖ од 2012 година, до сега одигра 346 натпревари и постигна девет голови. За Италија има 40 настапи во националниот дрес и три гола.

Верати не беше дел од составот на ПСЖ во ремито со Рен по кое парижаните направија чекор назад во трката за титулата во Лига 1.