Мино Рајола е менаџер на Пол Погба, Французинот во Јунајтед не игра поради повреда.

Менаџерот на Погба, е во конфликт со тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој на прес конференција му се обрати на Рајола со зборовите:

„Погба е наш играч, не е на Рајола“ – изјави Солскјер на последната прес конференција на Јунајтед.

На оваа провокација одговори менаџерот на Погба, Рајола е лут на Јунајтед и Солскјер.

„Пол Погба не е моја сопственст но не е ни на Јунајтет, тоа е сигурно, не можете да поседувате човек“ – напиша на твитер Рајола.

Вербалната војна продолжува меѓу менаџерот на Французинот и клубот од Манчестер, Погба сака да си замине, но Јунајтед поставува услови од кои клубовите кои се заинтересирани за него, едноставно бегаат.