Фудбалскиот клуб Вердер Бремен го отпушти тренерот Флорија Кохфелт и на негово место го постави Томас Шаф.

„Постои консензус во вакви околности дека промената е неопходна како би го избегнале испаѓањето“- изјави спортскиот директор на клубот Франк Бауман.

Вердер падна во зоната за испаѓање во Бундес лигата.

Шаф ќе ја води екипата во последното коло и евентуално во баражот за опстанок. Кохфелт беше тренер на Вердер од октомври 2017-та година и го спаси тимот од испаѓање минатата сезона.

Новиот тренер Шаф е жива легенда на клубот, а Вердер го водеше 14 години до 2013-та година. Во 2004 успеа да освои двојна круна, односно ги зема титулите во Бундес лигата и во Купот на Германија.