Верона објави дека Фабио Борини заработи  повреда на мускулот, но не потврди колку време Италјанецот ќе биде надвор од фудбалските терени.

Тренерот Иван Јуриќ веројатно не ќе може да смета на поранешниот напаѓач на Милан, за дуелот против Каљари идната недела.

Борини пристигна како слободен фудбалер во Верона во јануарскиот преоден рок и одигра шест натпревари во Серија А, а притоа даде два гола од кои еден беше против актуелниот првак и лидер Јувентус.