Борја Валеро и Матијас Весино, наводно, ќе го напуштат Интер ова лето како би се ослободило место за Сандро Тонали и  кам-бекот на Раѓа Наинголан.

Каљари нема да може да го задржи поранешниот белгиски интернационалец Наинголан, а поранешниот играч од средниот ред на Рома е подготвен да се врати на „Џузепе Меаца“.  Тој се и со други клубови, но  Антонио Конте реши да го задржи Белгиецот, кој заедно со младиот Тонали треба да бидат носители на средината на теренот во тимот на „нероаѕурите“.

Според италјанските медиуми, Жоао Марио повеќе од сигурно ќе го напушти клубот, а иста судбина им се предвидува и на Борја Валеро и Вечино.

Поранешниот фудбалер на Фиорентина веќе има 35.години и ова лето му истекува договорот кој нема да му биде продолжен, додека Весино уште во јануари требаше да го напушти Интер, а интерес за него пројавија Наполи, Интер и Евертон.

Според „Тутоспорт“ сега во оваа трка се приклучија и Валенсија и Арсенал, а неговата клаузула изнесува 25.милиони евра.