Легендарниот холандски фудбалер Весли Снајдер одлучи да ја заврши својата кариера. Триесет и пет годишниот фудбалер ќе се врати во родниот крај, како директор на Утрехт.

Во кариерата Снајден настапуваше за Ајакс, Реал Мадрид, Галатасарај, Ница, Ал Гараф. Во Холандија, Шпанија и Италија освои по една титула државен првак, додека во Турција тоа го постигна двапати.

Најголем успех во кариерата му е освоената титула од Лига на шампиони во 2010 година со Интер, а само неколку недели подоцна ја предводеше и Холандија до финалето на Мундијалот.

За репрезентацијата одиграл 134 натпревари и постигнал 31 гол.