Поранешниот репрезентативец на Холандија, Весли Снајдер имаше успешна и богата фудбалска кариереа иако многумина очекуваа дека тој да дојде рамо до рамо со Роналдо, Кака, Меси…

Снајдер призна дека додека бил во Реал Мадрид имало периоди кои не се чуствувал среќно и решението го пронашол во алхохолот.

„Сакав да бидам успешен и да бидам во фокусот на јавноста. Правев и лоши работи додека бев во Мадрид. Живев како ѕвезда имав многу пари но во одреден момент бев осамен и шишето со Вотка ми стана најдобар пријател. Потоа паднав физички, се криев и мислев дека тренерот нема да забележи.“ – пишува во автобиографијата на Снајдер.

Плејмејкерот премина во Реал Мадрид од Ајакс во 2007 година а најголемиот успех го имаше со Интер кога заедно со Пандев ја освои тројната круна во 2010 година.