Вест Хем е заинтересиран да го доведе во своите редови аргентинецот Гонзало Игуаин.
Како што јавува италијански Скај, Вест Хем е заинтересиран да го доведе Игуаин на позајмица со опција фудбалерот по една сезона да биде откупен, додека Јувентус во моментот размислува само за продажба и го проценува фудбалерот на околу 36 милиони фунти.
Популарниот „Пипита“ ја помина минатата сезона во Англија во дресот на Челзи, постигнувајќи пет погодоци на 18 натпревари за тимот од западен Лондон.
Be the first to write a comment.