Оле Гунар Солскјер ова лето ќе се ослободи од дел од играчите кои не ги исполнија очекувањата во последните неколку сезони во дресот на Јунајтед.

Џеси Лингард и Фил Џонс се трансфер цел на Вест Хем а менаџерот на „Чеканите“ Дејвид Мојс сака да соработува одново со овие двајца поранешни репрезентативци на Англија.

Јунајтед за Џонс и Лингард бара околу 50 милиони евра, сума која Вест Хем може да си ја дозволи. Дуото на Јунајтед се поврзува и со трансфер во Лестер и Њукасл.