Со цел да ги намали шпекулациите околу иднината на Рајс во дресот на Вест Хем, управата на „чеканите“ ја одредила цената на играчот за кој минатото лето интерес постоеше од двата гиганти од Манчестер.

Репрезентативецот на Англија може да го напушти Лондон само доколку некој клуб плати 100 милони фунти за негов транфер. Вакво нешто направи Кристал Палас ова лето во обидот да го задржат Заха за кој имаше понуди до 50 милиони фунти а клубот реши дека ништо под 100 милиони фунти не е прифатливо за евентуална продажба на крилниот напаѓач.

Со ова од Вест Хем се надеваат дека ќе успеат да ги предупредат заинтересираните дека имаат намера да го чуваат Рајс барем уште две сезони.

Плејмејкерот има уште четири години до договорот со Вест Хем и редовно е дел од почетниот состав на „чеканите“