Проблемите по заминувањето на Арнаутовиќ, челниците на Вест хем се одлучија да ги решаваат со ангажманот на 25 годишниот Себастијан Халер.

Ајнтрахт Франкфурт од трансферот заработи 45 милиони фунти а Вест Хем го доби најскапото засилување во историјата на клубот. Халер постигна 20 голови во 41 натпревар за бундеслигашот во минатата сезона.

Вест Хем ова лето остана без Марко Арнаутовиќ, Лукас Перез и без Енди Керол па ангажманот на Халер може да биде само прво од три најавени нови имиња во нападот на „чеканите“.