Парагвајскиот амбасадор во Италија, Роберт Малгарејо, потврди дека играчот од средниот ред на Сампдорија и негов сонародник Едгар Барето, е позитивен на Коронавирусот.

35-годишниот играч од средниот ред е осмиот фудбалер на тимот од Џенова кој има КОВИД-19, откако претходно  заразени беа Маноло Габиадини, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина, Мортен Торзби, Фабио Депаоли и Бартош Берешински.

„Барето и неговата сопруга се позитивни на КОВИД-19 и го издржуваат нивниот период на изолација. Тие засега се  добри.Ситуацијата во Италија е доста сериозна, мојата најголема желба е пандемијата да ги нема истите размери како овде и во Парагвај“-изјави Малгарејо.

Тимскиот колега на Барето, Јакуб Јанко, минатата недела откри дека 15 лица во Сампдорија биле заразени Коронавирусот.