Роберто Манчини го повика Даниеле Де Роси за мечот на Италија против Грција во рамки на квалификациите за ЕП 2020. Натпреварот ќе се игра на „Олимпико“ во Рим каде што 36 годишниот фудбалер има статус на „икона“. Тој ова лето за прв пат ја напушти „Римската Волчица“ и премина во редовите на Бока Јуниорс.

Последниот меч Де Роси за Италија го одигра во 2017 година на бараж мечот со Шведска за СП 2018 кој Италија го загуби со 1-0, а токму Де Роси беше главен виновник за тој погодок по кој „Аѕурите“ не обезбедија пласман на мундијалот во Русија.

Единствено прашање дали Де Роси ќе настапи на дуелот со Грција е повредата на десниот бутен мускул, поради кој не настапи на последните натпревари за Бока Јуниорс.