Хрватска загуби од Англија со 1-0 на „Вембли“ во првиот натпревар од групата Д на Европското првенство. Стрелец на единствениот гол беше Рахим Стерлинг во 57.минута од натпреварот.

По завршувањето на мечот, Хрватскиот дефанзивец Домагој Вида се појави пред камерите и и ја честиташе победата на Англија.

“Треба да и честитаме на Англија, тие беа подобри денес. Ние нема да се предадеме, нашата цел е да ја поминеме групата и одиме на тоа. Работевме напорно за да не излегуваме многу, а потоа штом се отворивме, Англичаните постигнаа гол кој ја урна нашата цел”, рече тој

Во оваа група се и Чешка и Шкотска, а во второто коло одат првите две екипи од секоја група и четирите најдобри третопласирани екипи.

Хрватска ќе игра против Чешка на 18 јуни, а натпреварот против Шкотска е закажан за 22 јуни