Артуро Видал потврди дека би можел да ја напушти Барселона доколку не се чувствува како важна алка од шпанскиот гигант, а негова следна дестинација треба да биде Интер.

Видал има одлична соработка со Антонио Конте уште од времето во Јувентус, а дека сака повторно да соработува со Италјанецот не крие ни самиот тој.

Имам 33 години, но со добри тренинзи чувствувам дека можам да играм на највисоко ниво уште три или четири сезони. Само погледнете го целиот терен и колку покривам на секој натпревар.  Среќен сум и имам еден куп одлични соиграчи, но сакам да се чувствувам важно. Што се однесува до Конте јас и тој имаме одлична врска, тој знае дека сум победник и дека може да ми верува“-изјави Видал за „Ел Периодико“.