Италијанскиот фудбалски клуб Интер сака да го продаде белгискиот фудбалер Раџа Наинголан пренесуваат медиумите од Италија.

Наинголан според одредени медиуми кариерата ќе ја продолжи во Кина и ќе потпише со тимот Жиангсу Сунинг, клуб кој ги има истите сопственици како Интер.

Токму тренерот на Интер Антонио Конте наместо Наиголан го посакува како замена Чилеанецот  Артуро Видал од Барселона.

Видал имаше добра сезона во Барселона, но е отворен да се врати во Италија и повторно да соработува со Антонио Конте.

Каталонскиот клуб исто така нема да му стои на патот и за неговата слобода бара помеѓу 15 и 20 милиони евра.