Артуро Видал денеска треба да допатува во Милано на лекарски прегледи, тврди каталонското радио РАЦ 1.

Според овој извор, Чилеанецот ќе добие од Интер 500.000 евра плата, останатиот дел ќе го доплаќа Барселона до јуни 2021 година.

Интер практично ќе го добие посакуваното засилување, Видал е желба на Конте, двајцата соработуваа од времето кога беа дел од Јувентус.

Видал нема да го чини многу Интер, најголемиот дел од обврските за платата ќе биде на товар на Барселона, на тоа инсистираше клубот од Милано.