Артуро Видал го навлече гневот на навивачите на Интер и покрај тоа што постигна гол во дербито со Јувентус и беше еден од клучните играчи на Конте во големата победа во Серија А.

Видал кој четири години играше за „Старата Дама“ го бакна логото на Јуве на дресот на Кјелини по што мораше да се правда.

„Не сакав да бакнам грб на друг клуб, тоа беше знак на почит кон брат кој ми даде многу во фудбалот, со кој поминавме многу години заедно и се сакаме. Го почитувам мојот тим, навивачите и луѓето кои ми дадоа доверба да ја бранам и развивам иднината на овој неверојатен клуб. Ќе ја дадам душата за оваа цел, напред Интер.“ – напиша Видал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arturo Vidal (@kingarturo23oficial)