Саутемптон ја прекина низата од три победи по ред во Премиерлигата, откако вечерва одигра 1-1 на гостувањето кај Вулверхемптон.

По првиот дел во кој мрежите мируваа, Саутемптон дојде во водство во 58 минута преку Тео Волкот.

Неколку минути подоцна, Волкот пропушти шанса да ја удвои предноста, а казната стигна во 75 минута кога Нето ги постави конечните 1-1.

Саутемптон во следното коло го пречекува Манчестер јунајтед, додека „волците“ му гостуваат на Арсенал.