Манчестер Јунајтед ќе го памети 26.мај како веројатно најсреќниот ден во клупската историја, по епската победа над Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампиони во 1999 година.

Овој меч ќе остане запаметен како најдраматичното финале, во кое „црвените ѓаволи“ направија епски пресврт во судиското продолжение, постигнаа два погодоци со кои стигнаа до тронот на Европа.

Херој на овој меч беше денешниот менаџер на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој по корнерот на Бекам ја спроведе топката во мрежата на Оливер Кан за големо славје на англискиот гигант.