ВБА и Челси одиграа нерешено 3-3, по едно полувреме за двете екипи, во првото домашните постигнаа три гола, гостите во вториот дел стигнаа до израмнување.

Робинсон постигна два гола,еден е дело на Бартли, сите постигнати во првото полувреме. Тиаго Силва кататрофално реагираше при вториот гол за Робинсон.

Во второто полувреме се „разбудија“ играчите на Челси, со головите на Маунт и Ходсон-Одои и Абрахам во судиското продолжение стигнаа  до израмнување и бод од ова гостување.