Челси го победи Норвич со 3:2 на теренот на „канаринците“ и донесе радост на клупата предводена од Франк Лампард. Ова беше прв триумф на легендата на „сините“ како менаџер на клубот од Лондон на официјален натпревар.

Првото полувреме донесе четири гола а на пауза се замина со 2:2. Конечните 3:2 ги постави Тами Абрахам со својот втор гол во 68 минута.