Динамо Загреб го победи Феенорд на гости со 2-0, головите се дело на  Петковиќ од пенал и Мајер по асистенција на нашиот Аријан Адеми во 53 минута.

Адеми со денешниот настап против Феенорд, испиша историја кај Динамо Загреб, има77 настапи во евро куповите со што стана играч со најмногу одиграни средби за „модрите“ во историјата на клубот.

Динамо Загреб со оваа победа обезбеди прогрес во следната рунда на натпревари во Европа лигата.