Динамо Загреб и Ференцварош одиграа нерешено 1-1 на „Максимир“ во рамки на првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Динамо брзо го отвори резултатот преку Даниел Олмо по 7 минути игра. Тимот од Унгарија израмни со голот на  Сигер во 59 минута.

Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути, Стефан Спировски не беше во составот на Ференцварош поради повреда.Реваншот се игра за седум дена во Унгарија.