Македонскиот репрезетантивец, Аријан Адеми со Динамо Загреб обезбеди учество во групната фаза во новата сезона од Лигата на шампионите на УЕФА.

Хрватскиот шампион ремизираше со 1:1 на гостувањето кај Розенборг и со вкупни 3:1 избори учество во елитното клупско натпреварување.

Пласман во групната фаза избори и Црвена Звезда откако ремизираше со Јанг Бојс 1:1 во Белград со вкупни 3:3. Благодарение на повеќе постигнати голови на гостински терен тимот од Србија, обезбеди европска есен.

 

Третиот реванш вечерва од плејофот во Лигата на шампионите се играше во Русија. Олимпијакос го елиминираше Краснодар со вкупен резултат 6:1 по денешната победа од 2:1.