Македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски загубија на домашен терен со Динамо Загреб од Виљареал со 1:0 во воведниот натпревар од четвртфиналето од Лига Европа.

Адеми и Ристовски го одиграа целиот натпревар кој беше решен со гол од пенал во 44 минута, во реализација од Морено.

Реваншот во Шпанија е закажан за 15 април.