Динамо Загреб и Хајдук одиграа нерешено 1-1 во дербито на 16. коло во Првата фудбалска лига на Хрватска, Аријан Адеми поради повреда не настапи на средбата.

Динамо поведе со голот на Петковиќ во 12 минута од првото полувреме на средбата во „Максимир“.

Кога се чинеше дека првиот дел ќе заври со водство на домашните, во судиското продолжение Цакташ израмни на 1-1 во 46 минута.

Динамо Загреб ја задржа предноста од четири бода во однос на Хајдук на табелата, Адеми не настапи поради повреда.