Динамо Загреб и Генк одиграа нерешено 1-1 во рамки на групата Х во Европа лигата. Ардијан Адеми играше од првата до 76 минута, Стефан Ристовски остана на клупата за резерви.

Голот за Динамо е дело на Менало во 35 минута за водство 1-0, гостите израмнија пред крајот на првиот дел преку Угбо.

Динамо е втор на табелата со 7 бода, Генк е трет со 5, лидер е Вест Хем со 13 по 5 одиграни средби.